сабота, 27 јули 2024

Шефот на „вагнеровци“ ѝ се закани на Москва: Ако не го решите ова, или ќе се повлечеме или ќе загинеме

Објавено на

часот

Сподели

„Секој ден ставаме илјадници тела во ковчези и ги испраќаме дома“, му рече Евгениј Пригожин на рускиот воен блогер Семјон Пегов во интервју објавено во саботата.

Загубите се пет пати поголеми од потребните бидејќи немаме доволно артилериска муниција, рече Пригожин (61).

Тој откри дека му пишал на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу барајќи од него да испрати муниција што е можно поскоро.

„Ако недостигот на муниција не се реши, принудени сме – да не бегаме кукавички како стаорци – или да се повлечеме или да умреме“, рече тој.

Пригожин додаде дека најверојатно ќе мора да повлече дел од своите војници, но тоа значи дека фронтот некаде ќе падне.

Борбите за градот Бахмут во источна Украина траат со месеци, со големи човечки загуби од двете страни.

Украинските бранители сега контролираат само мала област на запад од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ