недела, 20 октомври 2024

Шефот на Вагнер: Заминуваме од Бахмут. Немаме повеќе со што да мелеме месо

Објавено на

часот

Сподели

Пригожин во најновото видео кажа дека неговите луѓе следната недела ќе почнат да се повлекуваат од Бахмут, бидејќи имаат малку залихи на муниција и сè поголеми загуби, што, како што кажа, значи дека „повеќе немаат со што да мелат месо“. На каналот Телеграм Пригожин ја обвини руската воена команда за недостигот од муниција и кажа дека неговите сили ќе почнат да се повлекуваат на 10 мај.

„Заземавме 95 отсто од Бахмут. За овие последни 5 отсто не играме никаква улога“, кажа Пригожин. „Немаме муниција и никој не комуницира со нас за враќање на полниот капацитет. Подобро е да ја спасиме нашата војска отколку да ја добиеме битката“.

Силите на Вагнер се користат во руските воени операции во повеќе земји. Позициите на Вагнер во Бахмут наводно од следната среда ќе ги преземат борците на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Битката за Бахмут се смета за најкрвавата во војната која почна со руската инвазија пред повеќе од една година. Руската државна агенција ТАСС соопшти дека руските сили контролираат 95 отсто од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ