сабота, 27 јули 2024

Шефот на Вагнер: Украинската офанзива веќе почна

Објавено на

часот

Сподели

Во изјавата објавена од неговата прес-служба на Телеграм, Пригожин додаде дека „активната фаза“ на офанзивата би требало да почне во следните неколку дена. Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников минатата недела потврди дека завршуваат со подготовките за долгонајавуваната пролетна офанзива.

Киев со месеци тврди дека се подготвува за офанзива, чија цел е да ги потисне руските сили од окупираните области на Украина на исток и југ. Пригожин, кој редовно го напаѓа рускиот воен врв поради недостигот од муниција, претходно предупреди дека украинската офанзива би можела да има негативни последици за руските сили.

„Таа офанзива би можела да се претвори во трагедија за нашата земја. Секој ден ставаме тела во ковчези и ги испраќаме дома. Загубите се пет пати поголеми од потребните бидејќи немаме доволно артилериска муниција“, истакна неодамна Пригожин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ