сабота, 27 јули 2024

Шефот на Вагнер: Руската војска се повлече кај Бахмут

Објавено на

часот

Сподели

Ројтерс не можеше да ги потврди неговите наводи, а руското Министерство за одбрана сѐ уште не ги коментираше.

Силите на Вагнер го предводеа нападот на Бахмут во една од најкрвавите и најдолгите битки во војната, која Москва продолжува да ја нарекува „специјална воена операција“. Во последните неколку месеци, единиците на редовната руска војска им даваат поддршка на вагнеровците во и околу Бахмут.

Пригожин, кој претходно го обвини руското Министерство за одбрана и водечките генерали дека не прават доволно за да ги поддржат неговите платеници, денеска побара од Министерството за одбрана „да направи сѐ за да ги заштити крилата на бојното поле“ по, како што тврди, повлекувањето на единиците на руската војска.

„За жал, војниците на руското Министерство за одбрана се повлекоа на 570 метри северно од Бахмут и ги отворија нашите крила“, рече Пригожин во гласовната порака објавена на социјалните мрежи.

„Апелирам до раководството на Министерството за одбрана – јавно – затоа што никој не ги чита моите писма“, рече Пригожин, а потоа директно им се обрати на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на војската Валериј Герасимов: „Ве молам, не им ги препуштајте нашите крила“.

Вагнер тврди дека зазел голем дел од уништениот град, иако со огромни загуби. Но, украинската војска тврди дека во последните денови окупирала десетици квадратни километри околу Бахмут.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ