сабота, 27 јули 2024

Шефот на Вагнер, Пригожин, му се налути на Кремљ: Ќе добие шлаканица од народот

Објавено на

часот

Сподели

На почетокот на овој месец, Пригожин прогласи победа во Бахмут, но државната телевизија 20 часа го игнорираше падот на источниот град и не го емитуваше победничкиот говор на Пригожин.

Пригожин употреби голем број руски поговорки за да ги исмева одговорните за неговата очигледна забрана.

„Она што е забрането е секогаш послатко. Вагнер не е лизгав сапун што бирократите се навикнати да го расфрлаат насекаде; Вагнер е шило, нож што не можете да го скриете“, рече Пригожин.

„Апсолутно сум убеден дека тие го забранија (известувањето). Тоа што бирократите на високо ниво во истите тие кули на Кремљ се обидуваат да ги замолчат сите за да не зборуваат за Вагнер, само дополнително ќе го потурне народот“. Тој додаде дека ваквиот пристап ќе предизвика реакција кај рускиот народ.

„Долгорочно гледано – долгорочно два или три месеци – ќе добијат шлаканица од народот затоа што се обидуваат на сите да им ги затворат устите и ушите“, рече Пригожин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ