сабота, 27 јули 2024
Јевгениј Пригожин

Шефот на Вагнер: Ако Москва не прати муниција, ќе се повлечеме од Бахмут (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на руската платеничка вооружена група Вагнер, Евгениј Пригожин, ѝ се закани на Москва дека ќе ги напушти позициите во Бахмут доколку Русија не испрати повеќе муниција.

Водачот на Вагнер рече дека неговите сили нема да имаат друг избор освен да се повлечат – или ќе загинат.

Борбите за воспоставување контрола над Бахмут, на истокот на Украина, траат со месеци.

Украина тврди дека сè уште ја контролира клучната рута за снабдување до тој град.

„Доколку недостигот на муниција не се надополни, тогаш … најверојатно, ќе бидеме принудени да повлечеме дел од единиците“, рече Пригожин, цитирајќи писмо за кое рече дека му го испратил на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, давајќи му рок до 28 април.

Пригожин, кој често објавува успеси што не може да се проверат, вели Ројтерс, рече дека неговите сили напредувале околу 100 до 150 метри во Бахмут, оставајќи нешто помалку од 3 квадратни километри од градот во рацете на Украина.

Но тој рече дека изгубил 94 војници.

„Тој број ќе беше пет пати помал ако имавме повеќе муниција“, рече Пригожин во аудиоизјава објавена на апликацијата за пораки Телеграм на неговата прес-служба во саботата навечер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ