„И покрај обидите за мешање, народот на Грузија ја изрази својата волја, а патриотската и просемејна владејачка партија оствари убедлива победа на парламентарните избори во земјата“, кажа Сијарто по објавувањето на резултатите од изборите кои се одржаа вчера.
Тој истакна дека Унгарија, во остатокот од периодот на претседателството со Европската Унија, но и по завршувањето на мандатот во јануари, ќе продолжи да му пружа поддршка на Тбилиси на патот кон евроинтеграциите.
Претседателот на грузиската централна изборна комисија Гиорги Каландаршвили соопшти денес дека партијата Грузиски сон освоила 54,08 отсто од гласовите на парламентарните избори.
Опозициската партија Коалиција за промени освои 10,92 отсто од гласовите. Прозападната опозициска партија соопшти во саботата вечерта дека нема да ги признае резултатите на изборите и најави протести.
Владејачката партија Грузиски сон се залага за подобри односи со Русија, додека четири најголеми опозициски партии се прозападно ориентирани.
Четирите големи опозициски партии се надеваа дека ќе можат заедно да формираат влада, но за тоа требаше да освојат повеќе од 50 отсто од гласовите, а освоија едвај повеќе од 38 отсто.