петок, 27 декември 2024

Шефот на унгарската дипломатија: Треба да престане да ѝ се испраќа оружје на Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто кажа дека очекува војната во Украина што побрзо да заврши, а верува дека на тоа ќе придонесе победата на Доналд Трамп на изборите за американски претседател.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто на Јахорина кај Сараево, каде учествува на бизнис конференција во организација на владата на Република Српска, им кажа на новинарите дека изборот на Трамп довел до состојба во која постојат најголеми шанси до сега за постигнување мир во Украина и дека тоа е пристапот кој упорно го заговара Будимпешта.

Тој истакна дека Унгарците не веруваат дека решение за Украина може да се најде на боиштето, додавајќи дека сега би требало да „престане испраќањето оружје“ и да почне преговарањето, но признава дека тој став на Будимпешта е малцински во Европа, иако преовладува во другите делови на светот.

Тој ги обвини „левичарските медиуми во Европа“ дека создаваат лажна слика за тоа што е решение за Украина кога заговараат продолжување на поддршката на Киев во конфликтот.

Тој истакна дека на Европската Унија сега ѝ треба нова стратегија бидејќи не е во состојба ни финансиски ни со снабдување со оружје да го надомести повлекувањето на САД од поддршката на Украина, а се очекува токму тоа да се случи.

„Се надеваме дека Доналд Трамп што побрзо ќе ги оствари своите планови и дека што побрзо ќе дојде до мир“, кажа Сијарто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ