сабота, 27 јули 2024

Шефот на унгарската дипломатија: Против Трамп го користат законот, против Фицо сила, а против нас политика

Ги почитуваме сите иницијативи да се постигне мир и затоа ги почитуваме и напорите на Швајцарија. Сепак, мислиме дека мировната конференција може да придонесе со суштински резултати само во случај да се претставени двете спротивставени страни, порача министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто, на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што додаде, Унгарија сфатила дека тоа овој пат нема да биде така.

„Но, јас ќе одам таму и ќе ја претставувам својата позиција – дека наместо санкции и непријателски изјави кои носат сериозен ризик од ескалација треба да имаме дијалог и преговори. Тоа е она што ќе го кажам“, порача Сијарто.

Додаде дека Унгарија никогаш нема да учествува во акции кои го доведуваат НАТО поблиску до војна.

„Донесовме јасна одлука во февруари 2022 во НАТО. Кажавме две нешта: дека НАТО не е дел од конфликтот, и дека мораме да направиме сè за да избегнеме директен конфликт меѓу НАТО и Русија“, кажа шефот на унгарската дипломатија, заклучувајќи дека неговата држава „дефинитивно нема да учествува во такви акции“.

Осврнувајќи се на обидот за убиство на премиерот на Словачка Роберт Фицо, Сијарто порача дека е создадена многу непријателска атмосфера кон оние кои водат суверена политика и имаат суверена политичка стратегија.

„Главно во Европа има многу непријателски пристап кон оние кои го ставаат националниот интерес на прво место, и можам да кажам дека тоа не е само европски, туку и глобален феномен“, смета тој.

Додаде дека постојат обиди да се создаде притисок врз патриотските суверени политичари кои заговараат мир.

„Тоа го прават на правни начини, како во случајот на претседателот (Доналд) Трамп, физички начини, како во случајот на премиерот Фицо, или политички начини како против нас. Но тоа нема да нè спречи да ја продолжиме нашата суверена политика заснована на националните интереси“, заклучи Сијарто, додавајќи дека се надева дека за време на викендот, на европските парламентарни избори, „луѓето ќе дадат дополнителна поддршка на продолжувањето на таа политика“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ