сабота, 27 јули 2024

Шефот на украинското разузнавање ја призна улогата во нападот на мостот на Крим

Објавено на

часот

Сподели

„Бидејќи ова е логистичка рута што требаше да се отсече од непријателот, моравме да преземеме соодветни мерки“, рече Васил Маљук, директор на разузнавачката агенција за внатрешна безбедност СБУ, во интервју за украинскиот новинар Дмитро Комаров на Јутјуб.

Притоа Маљук не изнесе детали за операцијата.

Снимката од експлозијата на 8 октомври и настанатиот пожар на мостот го обиколија светот. Нападот се случи еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин го прослави својот 70-ти роденден.

Повеќето набљудувачи долго време претпоставуваа дека Украина стои зад нападот, иако Киев одби да го коментира. Во декември, Маљук навести дека агенцијата може да биде вклучена.

Мостот кон полуостровот Крим беше затворен со денови, но денеска е обновен и е важен пат за снабдување на руската војска во нејзината агресија против Украина.

Маљук рече дека Украина постапила во согласност со „традицијата на војување“. Тој исто така рече дека на почетокот на руската агресија пред 15 месеци, СБУ формираше специјална единица за саботажа на украинска територија против непријателот.

Маљук рече дека руските власти продолжиле со „псевдоистрагите“ за нападот на мостот. Повеќе од 20 руски државјани беа осомничени и уапсени под обвинение дека се вмешани во тој напад.

Нападите со беспилотни летала во октомври врз воени бродови во состав на Руската црноморска флота во заливот Севастопол се исто така дел од специјалната операција што СБУ ја спроведува заедно со украинските вооружени сили, рече Маљук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ