сабота, 27 јули 2024

Шефот на украинските разузнавачи: Имаме доволно оружје, наскоро почнува офанзивата

Објавено на

часот

Сподели

„Многу цивили останаа под руска окупација и не можеме повеќе да губиме време. Веќе имаме основно количество оружје и друга опрема. Сè што можам да кажам е дека офанзивата наскоро ќе почне“, кажа Буданов.

Буданов додаде дека Украина мора да ги „употреби сите сили и средства“ да ја избрка Русија од својата територија и дека за продолжувањето на тој потфат ќе биде потребна поголема залиха на оружје и муниција. Според него, пресретнати се 90 отсто од руските напади на украинските трупи и логистиката кои требало да ги попречат подготовките за офанзивата. Украина успеала да ги пресретне тие напади со подобрените системи за противвоздушна одбрана, кажа тој.

Руските сили сè повеќе се соочуваат со пад на моралот бидејќи „никој не разбира“ зошто се борат во Украина, оцени Буданов. Киев се надева дека исходот на украинската офанзива ќе биде пресвртница во војната која ќе одреди дали Украина ќе врати дел од својата територија или спонзорите ќе ја притиснат да седне со Русија на преговарачка маса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ