четврток, 26 декември 2024

Шефот на украинската армија: Значително влошување на ситуацијата на источниот фронт

Ситуацијата на источниот фронт значително се влоши во последните денови, изјави денеска врховниот командант на украинската армија Олександар Сирски, додавајќи дека руската офанзива е засилена, особено во областа на градот Часив Јар.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ситуацијата на источниот фронт е значително влошена во последните денови. Ова главно се должи на засилената непријателска офанзива по претседателските избори во Русија“, кои се одржаа во средината на март, напиша Сирски на Телеграм.

Руската армија ги напаѓа украинските позиции во регионите Лиман и Бахмут „со напаѓачки групи поддржани од оклопни возила“, како и во секторот Покровск, додаде украинскиот командант.

Русите ги засилија нападите околу Часив Јар во последните денови, тоа клучно место на исток сега е „под постојан оган“, соопштија украинските власти.

Часив Јар е место на околу 30 километри југоисточно од Краматорск, главниот град на регионот под контрола на Украина и важен железнички и логистички центар за украинската војска.

Киев со месеци бара од своите западни сојузници повеќе муниција и системи за противвоздушна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ