вторник, 22 октомври 2024

Шефот на Телеграм е уапсен поради истрага за педофилија и трговија со дрога на платформата

Павел Дуров, основачот на апликацијата за размена на пораки Телеграм, е уапсен во Франција во рамки на истрага за злосторства поврзани со детска порнографија, трговија со дрога и лажни трансакции на неговата платформа, соопштија денес француските обвинители.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон ја даде првата официјална потврда за апсењето откако Дуров во саботата вечерта беше приведен на аеродром во близина на Париз, и кажа дека нема политички мотив во апсењето, и покрај разните коментари на интернет.

Тој додаде дека Франција останува длабоко посветена на законската слобода на говорот.

„До апсењето на „До апсењето на директорот на Телеграм на територијата на Франција доведе судска истрага во тек. Ова на никој начин не е политичка одлука. Судиите ќе пресудат“, напиша Макрон на Икс.

Дуров е уапсен во рамки на истрага против неименувано лице која на 8 јули ја отворила единица на канцеларијата за сајбер криминал, кажа париската обвинителка Лора Беко во соопштение.

Истрагата се бави со сомнеж за учество во разни кривични дела, вклучувајќи водење интернет платформа која овозможува незаконски трансакции, детска порнографија, трговија со дрога и измами, како и одбивање за давање информации на властите, перење пари и пружање криптографски услуги на криминалци, се наведува во соопштението.

Дуров може да биде задржан до среда, се наведува. Тој има двојно државјанство на Франција и Обединетите Арапски емирати, роден е во Русија а Телеграм го основа со својот брат во 2013. Ја напушти Русија во 2014 откако одби да ги послуша барањата на владата да ги исклучи опозициските групи на својата платформа Вконтакте, која ја продаде.

Телеграм е шифрирана апликација, има околу милијарда корисници и особено е популарна во Русија, Украина и поранешните советски републики.

Дуров во април кажа дека некои западни влади се обиделе да извршат притисок врз него, но дека смета дека апликацијата треба да остане неутрална платформа, а не „играч во геополитиката“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ