вторник, 22 октомври 2024

Шефот на српската дипломатија за мостот на Ибар: Не даваме да се отстрани симболичниот и реалниот бедем на безбедноста и одбраната

Министерот за надворешни работи на Србија Марко Ѓуриќ кажа дека Приштина, обидувајќи се надвор од дијалогот и спротивно на советите на големите сили да го отвори мостот на Ибар во Косовска Митровица, настојува да го отстрани симболичниот и реалниот бедем на безбедноста и одбраната на Србите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ѓуриќ истакна дека секоја српска амбасада и конзулат ќе бидат и канцеларија за Косово и Метохија во борбата за зачувување на колективните и човековите права на Србите.

„Со вакви постапки како најавата надвор од дијалогот во Брисел и спротивно на волјата на големите сили кои ја поддржуваат таканаречената независност на КиМ, а што е уште полоши спротивно на виталните интереси на српската заедница, се работи на преземање на контролата над Северна Митровица. Тоа не е отворање на некаков мост, да се разбереме, во северна Косовска Митровица има уште четири моста кои ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот. Тука станува збор за еден симболичен, а и реален бедем на безбедноста и одбраната на Србите да се отстрани“, кажа Ѓуриќ.

Истакна дека српската дипломатија е ангажирана непрекинато на сите континенти за да ја објасни тежината на позицијата на српскиот народ за да придобие сојузници и пријатели на оние страни, кои околу Косово, Србија ги немала.

Додаде дека Србија очекува од Кфор и земјите на „квинтата“ да застанат во одбрана на српскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ