сабота, 21 декември 2024

Шефот на српската дипломатија: Ќе соработуваме со САД во истрагата на зделките на зетот на Трамп

Шефот на српската дипломатија Марко Ѓуриќ изјави дека српските институции ќе соработуваат со американските власти ако дојде до истрага на работењето на компанијата на зетот на Доналд Трамп Џаред Кушнер кој ќе инвестира во комплексот на поранешниот Генералштаб во Белград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Србија со компанијата на Кушнер Афинити во мај потпиша договор за „ревитализација“ на комплексот на Генералштабот на поранешна ЈНА во центарот на Белград, кој беше делумно разурнат за време на НАТО бомбардирањето во 1999. Со договорот, кој сè уште не е објавен, Србија земјиштето на комплексот го изнајмува на 99 години, а на просторот се планира изградба на две високи згради со станови и хотели.

На преуредувањето на објектите на тој комплекс, изграден меѓу 1955 и 1965 година, кои поради архитектонската вредност се заштитени како културно богатство, се противат стручните институции и организации, како и српската опозиција.

Ѓуриќ негираше дека тој, додека бил амбасадор на Србија во Вашингтон, имал сознанија за истрагата кој за работењето на компанијата на зетот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и актуелен претседателски кандидат Доналд Трамп го води сенатскиот одбор за финансии на американскиот Конгрес.

Српскиот министер за надворешни работи тврди дека со него никој не разговарал, инсистирајќи дека тој не се меша во „работата на правосудните тела, ниту на српските институции, а не пак на американските“.

Тој додаде дека „ако и кога ќе дојде до какви било прашања на таа тема, сите српски институции ќе им бидат на располагање на американските“ и дека „Србија секогаш ќе помогне во водењето на истрагите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ