сабота, 27 јули 2024

Шефот на Швајцарската национална банка даде оставка поради жена му

Објавено на

часот

Сподели

Швајцарските парламентарци вчера се сретнаа за да решат што ќе прават со сардисаниот шеф на Централната банка, Филип Хилдебранд, поради контроверзната размена на валути направена од страна на неговата сопруга, три недели пред тој да го запре растот на швајцарскиот франк. Но тој денес, во изненадувачки пресврт на настаните, даде оставка на позицијата.
„Сфатив дека не сум во можност да приложам неоспорен доказ дека жена ми ја извршила трансакцијата без мое знаење“, изјави 48-годишниот Хилдебранд на денешната прес-конференција во Берн.
Хилдебранд беше обвинет за злоупотреба на привилегирани информации откако еден вработен во банката, кој правел трансакции и за неговото семејство, во јавноста објави детали за трансакцијата.
Кодошот, за кој швајцарските медиуми објавија дека бил примен во психијатриска клиника по обид за самоубиство, во понеделникот изјави дека немал намера податоци од приватна банка да протечат во јавноста и дека се надева дека Хулдебранд нема да даде отказ.
Сопругата на Хилдебранд, Кашја, купила американски долари во вредност од 400.000 швајцарски франци на 15 август, три недели пред нејзиниот сопруг да преземе чекори да се сопре растот на франкот.
Кристоф Дербелеј, претседателот на Парламентарниот економски комитет, одби да ја коментира оставката на Хилдебранд, но изјави дека фокусот ќе биде на тоа дали Швајцарската национална банка треба да има построги правила.
„Ние не сме суд, туку само собраниска комисија. Мислам дека ќе расправаме за иднината; дали има потреба да се смени кодификацијата? Во принцип, размената не е во спротивност со правилата“, им изјави тој на репортерите пред состанокот.
Скандалот предизвика прашања за транспарентноста на централната банка, која првично објави дека ревизорите од Прајсвотер куперс ја истражиле трансакцијата и не откриле злоупотреба на привилегирани информации.
Хилдебранд минатата недела одби да даде оставка, тврдејќи дека за трансакцијата на својата сопруга дознал ден подоцна, негирајќи ги тврдењата на швајцарското списание „Велтвохе“ дека лично ја одобрил зделката со валутите, која им донесе голема заработка.
„Од сега натаму немаш право да вршиш вакви трансакции, освен доколку не е по мое барање или јас лично не ги одобрам“, го цитира Хилдебранд еден швајцарски весник, тврдејќи дека е дел од имејл што тој им го испратил на својата сопруга и на банкарот кога дознал за трансакцијата.
ШНБ во саботата објави дека ќе ги ревидира интерните правила и ќе ги разгледа сите трансакции направени од членови на одборот во изминатите три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ