сабота, 21 декември 2024

Шефот на британските разузнавачи: Руската воена разузнавачка агенција предизвикува хаос во Британија и Европа

Руската воена разузнавачка служба (ГРУ) настојува да предизвика хаос во Британија и Европа, кажа шефот на британската разузнавачка агенција МИ5, додавајќи дека сè поголемата опасност од Ал каеда и Исламска држава е неговата најголема причина за загриженост во однос на тероризмот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кен Мекалум, шефот на МИ5 задолжен за внатрешна безбедност, во својот годишен говор го обвини и Иран за „заговор по заговор“ на британско тло.

Мекалум кажа дека минатата година за 48 отсто се зголемил бројот на истрагите за потенцијални закани за државата, тврдејќи дека Русија и Иран користат, криминалци, шверцери на дрога и посредници да ја вршат нивната „валкана работа“.

„Ќе ви стане јасно дека МИ5 има ѓаволски тешка работа пред себе“, порача тој без да даде каков било доказ за тврдењата.

Претставувајќи ги заканите за Британија, Мекалум кажа дека МИ5 и британската полиција од март 2017 спречиле 43 заговори, од кои некои во последните денови на планирање на масовни убиства.

Мекалум кажа дека најмногу го загрижува сè поголемата закана од Ал каеда, која се обидува да го искористи конфликтот на Блискиот Исток, и особено од Исламска држава, која продолжува со ширење на тероризмот, извршувајќи го нападот во Москва во март.

Сепак, конфликтот на Блискиот Исток сè уште не се пресликал во иста мера на насилството на милитантите во Британија, кажа тој.

Поголемиот дел од говорот на Мекалум се однесуваше на заканите кои за Британија ја претставуваат Русија и Иран.

И покрај протерувањето на повеќе од 750 руски дипломати од Европа од почетокот на конфликтот во Украина и бркањето на последниот руски воен разузнавач од Британија претходно годинава, Мекалум кажа дека забележале дека руските државни играчи се вртат кон посредници да ја вршат нивната работа.

„Особено ГРУ е на трајна мисија да создаде хаос на британските и европските улици, видовме палења, саботажи и друго. Опасните постапки се изведуваат со сè поголема безобѕирност“, кажа тој, повторно без да понуди детали.

Додаде дека од јануари 2022 неговата служба и полицијата реагирале на 20 заговори кои ги спонзорирал Иран, а кои потенцијално претставувале смртоносна закана за британски државјани и жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ