сабота, 27 јули 2024

Шефот на руската разузнавачка служба за Навални: „Животот завршува и луѓето умираат“

„Навални почина од природна смрт“, рече Сергеј Наришкин.

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин вчера изјави дека опозицискиот лидер Алексеј Навални починал од природна смрт, изјава што се чини дека е обид да се одврати меѓународниот гнев поради смртта на најжестокиот непријател на претседателот Владимир Путин, вели АП.

Наришкин ова го изјави во интервју што го пренесе руската државна телевизија. Тој не ја наведе причината за смртта.

„Порано или подоцна, животот завршува и луѓето умираат“, рече тој. „Навални почина од природна смрт“.

Многу западни лидери рекоа дека на крај, Путин е одговорен за смртта на Навални на 16 февруари во оддалечениот арктички затвор. Кремљ ги отфрла обвинувањата.

Четириесет и седумгодишниот Навални, кој почина под мистериозни околности, беше погребен на 1 март на гробишта во Москва. Најмалку 120 лица се уапсени во Русија поради учество на собири во чест на неговиот спомен.

Повеќе од 40 земји повикаа на независна меѓународна истрага за смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин ја сноси крајната одговорност.

Членовите на Европската Унија, САД, Велика Британија, Украина, Австралија, Канада, Нов Зеланд и Норвешка се меѓу земјите во Советот за човекови права на Обединетите нации што изразија бес поради смртта на Навални.

Земјите рекоа дека се длабоко загрижени од „систематското задушување на граѓанското општество“ и репресијата на политичката опозиција во Русија и во странство. Тие ја повикаа Русија веднаш и безусловно да ги ослободи сите политички затвореници, бранители на човековите права, новинари и антивоени активисти приведени поради мирно остварување на своите човекови права и противење на руската војна во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ