сабота, 27 јули 2024

Шефот на проруските бунтовници објави видео од Бахмут (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Руското знаме и претходно се вееше над Артјомовск (Бахмут). Денес отидов во ослободениот град за да го закачам знамето на Доњецката Народна Република и уште еднаш да ги прегледам населбите за да ги одредам приоритетните мерки“, напиша тој на Телеграм.

Лидерот на ДНР им се заблагодари на руските сили за извршувањето на „најтешката борбена мисија“ и ги повика „да одат понатаму – до победата“.

„Сега повторно ќе го обновиме рускиот град Артјомовск. Го имаме искуството, имаме тим, имаме поддршка од цела Русија – можеме тоа да го направиме“, додаде Пушилин.

Минатата сабота Евгениј Пригожин, основачот на руската приватна безбедносна група Вагнер, кажа дека руската војска има целосна контрола над Бахмут, што подоцна го објави и руското министерство за одбрана. Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на Вагнер група и на оружените сили за ослободувањето на градот.

Киев, пак, тврди дека неговите сили контролираат мал дел од градот и дека тоа ќе биде доволно за ослободување на градот кога ситуацијата на боиштето ќе се смени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ