„Наскоро би можеле да се соочиме со силен притисок на патот на постигнување договор со Москва. Но на каков вид договор може да се согласи разумна Европа? Секако, не е едноставно да се согласи на договор кој на Москва ќе ѝ овозможи опоравување. Европа е многу посилна отколку што мислат руските лидери, Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците“, оцени Сикорски.
Тој смета дека Украина заслужува и дека ѝ треба мир. Истакна дека мирот треба да биде под „фер услови“, а не да биде капитулација.
Wkrótce możemy stanąć w obliczu silnej presji na zawarcie porozumienia z Moskwą. Ale jaki rodzaj porozumienia mogłaby zaakceptować rozsądna Europa? Na pewno nie zwykłą umowę, która pozwoli Moskwie odzyskać siły. Europa jest znacznie silniejsza, niż sądzą rosyjscy przywódcy. Rosja… pic.twitter.com/5KH5gVWCIe
— Radosław Sikorski 🇵🇱🇪🇺 (@sikorskiradek) January 6, 2025
Наметнувањето строги временски временски ограничувања за поддршката на Украина би ја поттикнало Русија да ја продолжи војната, вели тој. Наместо тоа, според него, треба да се направи сè што е можно за да се подобри позицијата на Киев во идните преговори.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека првите разговори за завршување на конфликтот ќе се одржат со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп по неговата инаугурација на 20 јануари, а потоа со рускиот претседател Владимир Путин ако американскиот лидер понуди „силни безбедносни гаранции за Киев“.