сабота, 21 септември 2024

Шефот на полската дипломатија предложи Крим да биде ставен под мандат на ОН

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски предложи решение за статусот на Крим, меѓутоа неговиот предлог не го прифатија добро ни во Украина ни во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според Сикорски, Украина и Русија не можат да се договорат околу статусот на Крим, па е потребна интервенција на меѓународната заедница. „Би можеле да го ставиме Крим под мандат на Обединетите нации со мисија за подготовка на фер референдум по проверката кои се законски жители и така натаму. Можеме да го одложиме тој референдум на 20 години“, предложи тој.

Меѓународната заедница не ја признава руската анексија на Крим од 2014 година. Самиот Сикорски го потврди тој став на Полска во февруари оваа година. Советот на Европа на 17 јуни донесе одлука за продолжување на санкциите против Русија кои беа воведени како одговор на „незаконската анексија на Крим и градот Севастопол“.

Украинското министерство за надворешни работи порача дека компромиси околу територијалниот статус на Крим се неприфатливи. Се истакнува дека територијалниот интегритет на Украина „никогаш не бил и не може да биде предмет на расправа или компромис“.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков исто така го отфрли полскиот предлог, нарекувајќи ја апсурдна идејата да се одржи „втор референдум за статусот на регионот во 20 години“. „Мислиме дека ова е прилично апсурдна изјава. Руската територија и руските региони не можат да бидат предмет на каква било расправа или трансфер на кого било“, истакна Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ