сабота, 19 октомври 2024

Шефот на полската дипломатија: Берлин е во дострел на руските проектили, ме чуди што тоа не е тема

Европа не ја сфати доволно сериозно руската закана, кажа полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски во интервју за германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг, истакнувајќи дека Берлин е во дострел на руските проектили стационирани во руската ексклава Калининград.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговата изјава е последна во низата предупредувања за опасноста од потенцијална војна со Русија. Војските на членките на НАТО ги јакнат своите капацитети и спремноста од почетокот на војната во Украина. Иако ескалацијата на војната во Украина во тотална војна меѓу Русија и НАТО засега е избегната, постои загриженост дека Западот не сфаќа дека станува збор за реален ризик.

Генерал полковникот Александер Солфранк, командант на воениот логистички центар на НАТО во Германија, претходно месецов кажа дека западниот воен пакт треба да биде спремен на можноста од руски ракетни напади во Европа во случај на тотална војна. Предупреди дека Германија веројатно би била една од потенцијалните мети.

На прашањето дали Полска е во опасност, Сикорски кажа: „Рускиот претседател Владимир Путин им се закани на Полска, Летонија и Финска. Кога ќе ѝ се закани на некоја земја тој е сериозен. Пречесто не го сфаќавме сериозно“.

„А нуклеарното оружје во близина на Калининград, проектилите „искандер“, би можеле да стигнат до Берлин. Секогаш ме чуди што тоа не е тема во Германија“, додаде тој.

Сикорски истакна дека вкупната економска моќ на Западот е 20 пати посилна од Русија, но Русија и покрај тоа го има главниот збор во производството на муниција. „Мораме да ги мобилизираме нашите сили“, кажа тој.

„А ако Американците ја прекинат својата помош, тогаш пред нас е сериозна дилема. Би морале да ја замениме Америка, односно да ги удвоиме нашите напори, или да го пуштиме Путин да ја освои Украина“, додаде Сикорски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ