четврток, 26 декември 2024

Шефот на ОН: Колежот во Сирија е резултат на хроничен колективен неуспех

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, повика да прекине сегашниот „колеж“ во Сирија, кој е последица на „хроничниот колективен неуспех“ да се иницира политички процес во земјата поделена од почетокот на граѓанската војна во 2011 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека тоа е резултат на неуспехот да се постигне смирување на ситуацијата што ќе доведе до вистински прекин на огнот на целата територија и процес за спроведување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН.

Гутереш рече дека ова е неговиот став за „тешките и драматични настани што се случуваат пред нашите очи во Сирија“.

„По 14 години конфликт, крајно време е сите страни да соработуваат со мојот специјален пратеник за Сирија, Геир Педерсен, за конечно да почнат да спроведуваат нов, сеопфатен пристап кон решението на оваа криза во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност“, рече тој и апелираше на „сериозен дијалог“.

Резолуцијата 2254 беше усвоена од Советот за безбедност на ОН во 2015 година и содржи план за пренос на политичката власт во Сирија.

Иако од 2020 година владее релативен мир во северозападниот дел на земјата, коалицијата на бунтовници предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам на 27 ноември покрена блиц-офанзива во таа област.

По Алепо, вториот по големина град во Сирија, бунтовниците вчера ја зазедоа Хама. Сириската армија призна дека ја изгубила контролата врз градот во центарот на земјата, а владеењето на претседателот Башар ал Асад се чини дека е ослабено поради офанзивата на бунтовниците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ