сабота, 27 јули 2024

Шефот на ОН го стави Израел на листата на земји и групи кои ги кршат правата на децата

Генералниот секретар на Обединетите нации ја додаде израелската војска на глобалниот список на земји и групи кои ги кршат правата на децата, кажа израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан, оценувајќи ја таа одлука како „срамна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ердан кажа дека денес би официјално известен за таа одлука. Глобалниот список е вклучен во извештајот за децата во оружените конфликти кој треба да биде поднесен во Советот за безбедност на 14 јуни.

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац кажа дека таа одлука ќе се одрази на односите на Израел со Обединетите нации. „Крајно сум шокиран и огорчен од срамната одлука на генералниот секретар“, кажа Ердан.

„Израелската војска е најморалната во светот и таа неморална одлука само ќе им помогне на терористите и ќе го награди Хамас“, додаде тој.

Портпаролот на палестинскиот претседател оцени дека одлуката израелската војска да се стави на глобалната листа на прекршувачи на правата на децата е „чекор кон тоа Израел да одговара за своите злосторства“.

Портпаролот на Гутереш Стефан Дужарик не сакаше да ја коментира одлуката. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека ОН „се впишаа на црната листа на историјата, придружувајќи им се на оние кои ги поддржуваат убијците на Хамас“.

Не се знае за што конкретно се обвинува израелската војска.

Листата е составена од два дела: страни кои вовеле мерки за заштита на децата и оние кои не го направиле тоа. Ердан кажа дека е информиран дека Израел е вклучен на листата земји кои не вовеле соодветни мерки за заштита на децата.

Извештајот го составила Вриџинија Гамба, специјалната претставничка на Гутереш за децата во оружени конфликти. Со оваа „срамна листа“ се сака да се поттикнат страните да воведат мерки за заштита на децата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ