петок, 26 јули 2024

Шефот на ОН: Агенцијата за палестинските бегалци е рбетот на хуманитарниот одговор во Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ја опиша агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА како „рбетот на целосниот хуманитарен одговор во Газа“ и апелираше до сите земји „да го гарантираат континуитетот на работата на УНРВА на спасувањето животи“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Соединетите Американски Држави се најголемиот донатор на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток и привремено го сопреа своето финансирање, заедно со неколку други западни земји, откако Израел обвини неколку члена на персоналот на агенцијата за учествување во упадот на Хамас на 7 октомври.

„Лично бев ужаснат од овие обвинувања“, кажа Гутереш на Одборот за права на палестинскиот народ на ОН. „Вчера се сретнав со донаторите за да ги слушнам нивните грижи и да ги опишам чекорите кои ги преземаме за да ги решиме“.

Обвинувањата беа објавени во петокот кога УНРВА објави дека отпуштила дел од персоналот откако Израел на агенцијата ѝ доставил информации. Гутереш во неделата кажа дека од 12 вмешани лица, девет се отпуштени, еден е мртов а идентитетот на останатите двајца се расветлува.

Досието на израелската разузнавачка служба, во кое Ројтерс имал увид, вклучува обвинувања дека дел од персоналот на УНРВА учествувал во грабнувањата и убиствата за време на упадот на 7 октомври по кој почна израелската војна во Газа, а се тврди и дека околу 190 вработени на УНРВА служеле како борци на Хамас или на Исламски џихад.

Палестинците го обвинија Израел за фалсификување информации за да ја оцрнат УНРВА, која вработува 13.000 луѓе во Газа, води школи, клиники за примарна здравствена заштита и други социјални услуги и дистрибуира хуманитарна помош.

„Хуманитарниот систем во Газа се урива. Исклучително сум загрижен поради нехуманите услови со кои се соочуваат 2,2 милиони луѓе во Газа, додека се борат за преживување без какви било основни продукти“, кажа Гутереш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ