сабота, 26 октомври 2024

Шефот на обезбедувањето на Мицкоски во „Мош“ спречувал акција за дрога, обвини Kaевски

Шефот на обезбедувањето на Христијан Мицкоски тепа полицајци, обвинија од СДСМ од каде додаваат дека ноќеска, пред кафе барот „Мош“ во Скопје, Ивица Бисовски, физички нападнал полицаец, обвини Дарко Каевски, пратеник и портапрол на СДСМ. Инцидентот е потврден и од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„Иако и самиот е полицаец шефот на обезбедувањето на Мицкоски се обидел да спречи полициска акција за дрога. Затоа е тепан полицаецот, инспектор од НТШ, за борба против дрога. Напад на полицијата, напад на полицајците е напад врз државата. танува збор за истиот Ивица Бисовски кој во време на ковид пандемијата беше заедно со Мицкоски во теретаната а потоа и во кафана на Боемска улица иако беше забрането. ДПМНЕ секој ден го покажува своето вистинско насилничко и криминално лице. Доволни беа неколку денови откако влегоа во техничката Влада. ВМРО-МВРО е на дело, повторно. Овој скандал отвора многу дилеми за улогата на Мицкоски и ВМРО-МВРО. Очекуваме одговори од министерот Тошковски и од Христијан Мицкоски. Овој скандал мора да биде расчистен целосно. Институциите мораат да постапат и секој инволвиран да понесе одговорност, а Мицкоски да излезе пред граѓаните и да објасни“, реагираат од СДСМ.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски веќе реагираше со осуда за насилството и побара од институциите да ги расчистат случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ