четврток, 19 септември 2024

Шефот на НАТО во заминување ги предупредува Европа и Америка на опасност од изолационизам

Европејците и Американците на искушение од „изолационизам“ ги предупреди генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во својот проштален говор, пред своето заминување од челото на западниот воен пакт во октомври.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По десет години на челото на таа организација поранешниот норвешки премиер ја напуштаа таа функција, а на негово место доаѓа поранешниот холандски премиер Марк Руте.

„Гласови се кренаа од двете страни на Атлантикот кои ги повикуваат Америка и Европа да одат по различни патишта… изолационизмот нема да гарантира безбедност никому“, пишува во говорот на Столтенберг кој денес го објави НАТО.

„Фокусирањето на краткорочните национални интереси на штета на долгорочната соработка нема да биде во наша корист“, предупредува Столтенберг.

Претседателскиот кандидат на американските републиканци Доналд Трамп повеќе пати ги критикуваше европските сојузници на САД дека „слабо плаќаат“ и дури се закани дека, ако не придонесат доволно на финансирањето на НАТО, ќе ги остави сами на себе ако ги нападне Русија.

„Значењето на Атлантскиот сојуз е доведен во прашање. Го нарекуваа поделен, застарен, клинички мртов. Но реалноста е дека НАТО е посилен и поважен од кога било“, порачува Столтенберг во својот последен говор како генерален секретар на воениот пакт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ