вторник, 21 јануари 2025

Шефот на НАТО: Со Трамп на чело на САД алијансата вклучува „турбо погон“

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте очекува враќањето на Доналд Трамп на местото претседател на САД „брзо и значително да ја зајакне“ западната воена алијанса.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со враќањето на претседателот Трамп на функцијата, со турбо погон ќе ги зголемиме трошоците за одбрана и производството“, објави Руте на Икс.

Руте изрази „топли честитки“ до Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД и до Џеј Ди Венс како негов потпретседател.

„Заедно можеме да постигнеме мир преку сила – преку НАТО“, заклучи Руте.

Трамп ги повика земјите-членки на НАТО да одвојат 5 отсто од својот бруто домашен производ за одбраната, за разлика од претходните 2 отсто колку што беше зацртаната цел на НАТО.

Новата цел би значела удвојување или повеќе од удвојување на распределбите за повеќето земји-членки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ