четврток, 14 ноември 2024

Шефот на НАТО: Русија, Северна Кореја, Иран и Кина се закана за светот

Сè поголемата економска и воена соработка на Русија со Кина, Северна Кореја и Иран им се заканува на Европа, Инди-Пацификот и Северна Америка, оцени генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Во очигледната порака до американската влада додека новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да ја преземе должноста, Руте ја истакна важноста на трансатлантското единство и континуираната поддршка на Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руте зборуваше за опасностите од „севернокорејската, иранската и кинеската воена помош на Русија“: „Русија која работи заедно со Северна Кореја, Иран и Кина не ѝ се заканува само на Европа, туку и а мирот и безбедносна во Индо-Пацификот и Северна Америка“.

Трамп ги критикуваше размерите на западната помош за Киев и кажа дека брзо ќе го прекине конфликтот во Украина, но не наведе детали како тоа би го направил. Неговата победа на претседателските избори во САД предизвика загриженост во Киев и други европски престолнини за идната американска посветеност да ѝ помогне на Украина.

„Мораме повторно да се обврземе дека ќе ја задржиме насоката на војната и дека ќе направиме повеќе од само да ја задржиме Украина во битката“, кажа Руте.

„Мораме да го зголемиме влогот за (рускиот претседател Владимир) Путин и неговата авторитарна закана со пружање поддршка на Украина која е нужна за промена на насоката на конфликтот“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ