Борбени авиони Ф-35 и бомбардери Б-52 ќе бидат меѓу шеесетината авиони од 13 земји кои ќе учествуваат во вежбата Стедфаст нун, чии домаќини ќе бидат Белгија и Холандија, соопшти западниот воен пакт.
„Во небезбедниот свет од витална важност е да ја тестираме својата одбрана и да ја зајакнеме одбраната за нашите противници да знаат дека НАТО е спремно и може да одговори на секоја закана“, кажа Руте во Лондон по состанокот со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Целата вежба особено ќе се фокусира на Британија, Северно Море но и Белгија и Холандија“, додаде Руте.
Околу 2.000 припадници на воениот персонал во вежбата ќе симулираат мисии во кои воени авиони ќе носат американски нуклеарни боеви глави.
Вежбата ќе почне во понеделник и ќе трае околу две недели, според службеници на воениот пакт.
Минатиот месец рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија би можела да употреби нуклеарно оружје ако биде погодена со конвенционални проектили, и дека Москва секој напад извршен со поддршка од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад.