понеделник, 16 септември 2024

Шефот на НАТО ја повика Кина да престане да ја поддржува руската инвазија

Генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг денес ја повика Кина да престане да ја поддржува руската војна во Украина и изјави дека помошта од Пекинг е значителен фактор во продолжувањето на војната. „Кина стана одлучувачка поддршка на руската војна во Украина“, кажа Столтенберг во Осло.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кина е таа која го овозможува производството на голем дел од оружје кое го користи Русија“, кажа Столтенберг и го предупреди Пекинг дека „континуираното разгорување на војната“ може негативно да влијае на неговите интереси и углед. „Ја повикувам Кина да престане да ја поддржува руската нелегална војна“.

Кина постојано ги оценува сличните изјави на НАТО како злонамерни и необјективни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во јули кажа дека не сака Кина да дејствува како посредник, но дека се надева дека Пекинг ќе изврши поголем притисок врз Москва да ја прекине војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ