четврток, 26 декември 2024

Шефот на НАТО: Германија треба повеќе да троши на војската

Новиот генерален секретар на НАТО Марк Руте кажа денес во Берлин дека Германија сè уште премалку издвојува за воениот буџет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Германија за прв пат по три децении повторно издвојува два отсто од својот БДП за војската и тоа е добро за Германија и за НАТО, но членките мора да инвестираат повеќе и јас тргнувам од тоа дека Германија ќе преземе понатамошни чекори во таа насока“, кажа Руте по средбата со канцеларот Олаф Шолц.

Поранешниот холандски премиер додаде дека како претседател на влада знае дека не е секогаш едноставно да се издвојат средства за одбраната и за помош на Украина, но дека двете се нужни за заедничката сигурност.

Шолц кажа дека „решително ќе продолжи по патот“ на зголемување на военото трошење во Германија и ја истакна потребата за понатамошно јакнење на европските членки на НАТО.

„Се работи за тоа дека мораме да бидеме спремни да одговориме на секоја закана за безбедноста на Европа“, оцени Шолц.

Германија оваа година ќе издвои 90,6 милијарди евра за војската или 2,1 отсто од БДП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ