петок, 26 јули 2024

Шефот на кинеската дипломатија: Ќе го поддржиме стабилниот развој на Русија под водство на Путин

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Пекинг изјави дека Кина сака да ја „зајакне стратешката соработка“ со Москва, пренесоа руските државни медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Кина ќе го поддржи стабилниот развој на Русија под водство на (рускиот претседател Владимир) Путин“, рече Ванг Ји, пренесе РИА Новости.

„Поддршката на народот е извор на напредок во Русија. Верувам дека под цврстото водство на претседателот Путин, рускиот народ ќе има светла иднина“, рече Ванг Ји, пренесува Известија.

Лавров му се заблагодари на Пекинг за „поддршката“ што му ја даде на претседателот Владимир Путин по неговиот неодамнешен реизбор.

Кинескиот претседател Си Џинпинг беше меѓу првите кои му честитаа на Путин, рече рускиот министер за надворешни работи и им се заблагодари на своите кинески пријатели за поддршката, пренесува Известија.

„Резултатите од изборите ја потврдија длабоката доверба на рускиот народ во нашиот лидер и во сегашната внатрешна и надворешна политика“, додаде Лавров, пренесува РИА Новости.

Шефот на руската дипломатија во понеделник допатува во дводневна посета на Кина.

Пекинг и Москва во последните години ја интензивираа економската соработка и дипломатските контакти, а своето стратешко партнерство дополнително го зајакнаа по руската инвазија на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ