сабота, 21 декември 2024

Шефот на иранските сили Кудс исчезна по израелските напади на Бејрут

Есмаил Каани, командантот на иранските сили Кудс кој отпатува во Либан по атентатот на лидерот на Хезболах Саид Хасан Насрала, не се огласи од минатонеделните напади на Бејрут, изјавија денеска двајца високи ирански безбедносни функционери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден од официјалните лица изјави дека Каани бил во јужните предградија на Бејрут за време на нападот кој наводно бил насочен кон високиот функционер на Хезболах Хашем Сафиедин, но не се сретнал со него.

Сафиедин се смета за веројатен наследник на Насрала, кој беше убиен во израелски напад на 27 септември.

Ирански официјален претставник изјави дека Иран и Хезболах не успеале да стапат во контакт со Каани, шефот на воено-разузнавачката служба на Иранската револуционерна гарда или силите Кудс. Соединетите Држави го убија неговиот претходник Касем Сулејмани во напад со беспилотно летало во Багдад во 2020 година.

Силите Кудс, прекуокеанскиот огранок на Иранската револуционерна гарда, ги надгледуваат односите со милитантните сојузници на Техеран на Блискиот Исток, како што е Хезболах.

Командантот на Иранската револуционерна гарда, бригадниот генерал Абас Нилфорушан, беше убиен заедно со Насрала во неговиот бункер кога израелски бомби го погодија на 27 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ