вторник, 22 октомври 2024

Шефот на ИАЕА пристигна во нуклеарката во руски Курск

Главниот директор на Меѓународната атомска агенција (ИАЕА) Рафаел Гроси пристигна денес во руската нуклеарна централа Курск за да ја процени состојбата во нуклеарката по ненадејната украинска офанзива во тој регион. Руската нуклеарна агенција Росатом го потврди за Франс прес неговото пристигнување во Курчатов, градот сместен во близина на нуклеарната централа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гроси претходно кажа дека сака „независно да процени што се случува“, додавајќи дека „безбедноста на сите нуклеарни централи е клучно прашање“ за ИАЕА. Украинските трупи на 6 август упаднаа преку границата во руската Курска област, а Москва предупредува на нуклеарна катастрофа во случај на украински напад на централата која се наоѓа на шеесетина километри од украинската граница.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела предупреди дека Украина се обидува да ја заземе нуклеарната централа во Курск. ИАЕА соопшти дека Русија ја известила агенцијата на Обединетите нации дека на околу 100 метри од нуклеарката се најдени парчиња од дрон.

Нуклеарката, изградена на околу 50 километри западно од градот Курск, престолнината на истоимената област во која живеат околу 440.000 луѓе, има шест реактори, од кои два во изградба. Четирите останати се од истиот тип како реакторите во Чернобил.

Тарик Рауф, поранешен функционер на ИАЕА, тврди дека тие реактори во меѓувреме се значително модернизирани околу безбедноста. Роберт Кели, поранешен директор на одделот за инспекции на ИАЕА, тврди дека можноста за инцидент како тој во Чернобил, еден реактор да експлодира и да гори со денови, „е рамна на нула“.

Досега вниманието главно беше насочено на нуклеарката во Запорожје, на југот на Украина, која руските трупи ја контролираат од март 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ