сабота, 27 јули 2024

Шефот на грчката дипломатија: Време е БиХ да ги отвори преговорите со ЕУ

Време е Босна и Херцеговина да ги почне пристапните преговори со Европската Унија, кажа денес грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис по средбата со хрватскиот колега Гордан Грлиќ Радман во Загреб.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Дојде време Босна и Херцеговина да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ“, кажа грчкиот министер, откако Европската комисија минатата недела порача дека на Европскиот совет ќе му препорача отворање на преговорите.

Герапетритис истакна дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан служи како „катализатор на мирот и стабилноста во нашиот регион“, и дека кандидатите на тој пат треба да се проценуваат според индивидуалните заслуги.

Како најважно постигнување на Европската Унија го наведе „долготрајниот мир на континентот“. Но, грчкиот министер предупреди дека мирот не смее да се земе здраво за готово, оценувајќи дека ситуациите на Блискиот Исток и во Украина можат да се прелеат на други делови од светот.

„Тензиите во Црвено Море можат значително да влијаат на снабдувачките ланци и безбедноста на навигацијата, а на крајот и на цените за потрошувачите. Не смееме да дозволиме тоа да продолжи“, кажа шефот на грчката дипломатија, мислејќи на нападите на бродовите од страна на јеменските Хути, кои протестираат против израелските напади врз цивилите во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ