сабота, 27 јули 2024

Шефот на грчката дипломатија: Се противиме на промени на границите на Балканот

Објавено на

часот

Сподели

Дендијас е во официјална посета на Босна и Херцеговина, а по средбата со министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ на новинарите им кажа дека Грција решително ги поддржува суверенитетот и интегритетот на БиХ и нејзината европска перспектива сметајќи ги важни за целиот регион, и истакнувајќи дека сите балкански држави треба да станат членки на Европската Унија.

„Грција се противи на какви било расправи за промени на границите во регионот“, кажа Дендијас.

Додаде дека верува дека конструктивен дијалог со трпение е и понатаму најдобриот начин за решавање на внатрешните проблеми во БиХ и за расправите за промени на уставот и изборниот закон. „Решенијата секогаш треба да доаѓаат од самата земја, а не од надвор. Мораме да бидеме внимателни бидејќи се појавија обиди од трета страна да го дестабилизира регионот“, кажа шефот на грчката дипломатија повикувајќи ги сите балкански земји на сузбивање на негативните надворешни влијанија.

„Понатамошната блокада на напредокот кон членството само ќе ги засили негативните влијание во регионот и ќе придонесе на дестабилизација“, оцени Турковиќ, истакнувајќи ја спремноста на БиХ да ја следи политиката на ЕУ во однос на Украина и санкциите против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ