сабота, 27 јули 2024

Шефот на дипломатијата на Сирија: Спремни сме да војуваме со Израел

Дамаск е спремен да ја брани својата територија во потенцијален воен судир со Израел, изјави министерот за надворешни работи на Сирија Фејсал Мекдад на состанокот со шефот на иранската дипломатија Хосеин Абдолахијан во сириската престолнина, каде разговараа за заедничката поддршка на Палестинците во војната во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Мекдад кажа дека Сирија му пружа отпор на Израел од 1948 година, кога изби првата војна меѓу неколку арапски нации и нововоспоставената еврејска држава.

„Сирија водела војни против израелската окупација и е спремна да војува, но ќе одлучи кога и како“, порача Мекдад, истакнувајќи го значењето на Голанската висорамнина – делот од југозападна Сирија под контрола на Израел од 1967 година.

Завршувањето на израелската окупација на Голанската висорамнина е во врвот на нашите приоритети, објасни Мекдад, додавајќи дека Сирија е спремна да ја плати цената за сите ослободителни операции.

Првиот сириски дипломат истакна дека присуството на американските и турските сили во земјата е нелегално и дека мора да заврши.

Абдолахијан се надоврза осудувајќи го нелегалното присуство на странски трупи во Сирија, и ги обвини САД и Израел дека извршиле геноцид над Палестинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ