петок, 18 октомври 2024

Шефот на дипломатијата на Хрватска го обвини претседателот на својата земја дека кампањата му ја плаќаат Русите

Министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман го обвини денес претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ дека кампањата му ја финансираат Русите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Неговите проруски ставови се многу јасни. Неговата (предизборна) кампања очигледно ја финансираат можеби некои руски извори, да претпоставиме имајќи го предвид неговото однесување“, изјави Грлиќ Радман.

Обвинувајќи го претседателот на државата дека им нанесува штета на хрватските национални избори, министерот и функционер на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) кажа дека парламентот треба да го смени Милановиќ, но дека смената „тешко може да се случи“ имајќи предвид дека за неа треба двотретинско мнозинство.

Хрватските медиуми ја пренесоа денес и изјавата на премиерот и претседател на ХДЗ Андреја Пленковиќ дека „кампањата на дезинформирање“ на Милановиќ потенцијално ја финансираат Русите.

Претседателот и премиерот на Хрватска доаѓаат од различни политички опции. Пленковиќ е од владејачката ХДЗ, а Милановиќ од опозициската Социјалдемократска партија и имаат исклучително лоши односи.

Тоа често се гледа и на прашањето за поддршката на Украина. За разлика од Пленковиќ, Милановиќ се противи на испраќањето хрватски војници во мисија на поддршка на Украина, бидејќи смета дека тоа би ја вовлекло Хрватска во војната.

Последниот конфликт се објаснува и со претстојните претседателски избори на кои Милановиќ најави дека ќе се кандидира, додека ХДЗ поддржува независен кандидат, поранешниот член на партијата Драган Приморац.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ