сабота, 27 јули 2024

Шефот на дипломатијата на ЕУ: Војната со Хамас може да се прошири во регионот

Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, денеска предупреди дека Либан може да биде вовлечен во регионален конфликт доколку израелската војна против палестинската исламистичка организација се прошири.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на Либан, Борел изјави дека е неопходно да се избегне регионална ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и предупреди дека никој нема да има корист од регионалниот конфликт.

Тој зборуваше на прес-конференција со либанскиот премиер Наџиб Микати по разговорите со највисоките владини претставници за настаните во и околу Газа, вклучувајќи ги и последиците од војната и ситуацијата на израелско-либанската граница.

„Гледаме вознемирувачки пораст на размената на оган долж Сината линија“, рече Борел. Сегашната демаркациона линија меѓу Израел и Либан е позната како Сина линија, граница назначена од ОН која ја означува линијата до која израелските сили се повлекоа кога го напуштија јужниот дел на Либан во 2000 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ