сабота, 27 јули 2024

Шефот на дипломатијата на ЕУ: Израел го финансираше Хамас

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави денеска дека Израел го финансирал создавањето на палестинската милитантна група Хамас, со што јавно му противречи на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој ги отфрли таквите тврдења.

Објавено на

часот

Сподели

Противниците на израелската влада и дел од светските медиуми ги обвинуваат владите на Нетанјаху дека со години го зајакнуваат Хамас, вклучително и со тоа што дозволуваат финансирање на Појасот Газа од Катар.

„Да, Хамас беше финансиран од израелските влади во обид да ја ослабне палестинската управа предводена од Фатах“, рече шефот за надворешни работи и безбедност на ЕУ за време на говорот на Универзитетот Ваљадолид.

Борел истакна дека создавањето на палестинска држава е единственото решение што води кон мир.

„Веруваме дека само решението за две држави наметнато однадвор ќе доведе до мир, иако Израел инсистира поинаку“, изјави Борел.

Хамас владее со Појасот Газа од 2007 година, по кратката војна против силите лојални на Фатах, движењето на палестинскиот претседател Махмуд Абас со седиште на Западниот Брег.

Израел критикуваше голем број земји, меѓу кои и Шпанија, која повикува на независна Палестина, тврдејќи дека тие покажуваат симпатии кон Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ