„Се соочуваме со реална опасност од понатамошна регионална ескалација на конфликтот“, рече Барнс на прес-конференција во САД, пренесе Си-би-ес њуз.
Според Барнс, Блискиот Исток е место каде што постојано се случуваат комплицирани работи.
Споделувањето на разузнавачките информации меѓу САД и Израел помогнало во поразот на иранскиот ракетен напад на 1 октомври, рече Барнс.
Нападот открил некои слабости во воените капацитети на Техеран, но, како што истакна тој, „тоа не значи дека тие (Иран) не се моќни“, и тоа е нешто што не само Израел, туку и Соединетите Држави треба да го сфатат „мошне сериозно“.
Кога станува збор за конфликтот во Газа, Барнс рече дека неколку пати биле блиску до постигнување договор за заложниците и прекин на огнот, но тоа постојано излегува „од контрола“.
Тој оцени дека мора да се донесуваат тешки одлуки и компромиси во интерес на долгорочната стратегиска стабилност.