сабота, 27 јули 2024

Шефот на британската полиција тврди дека полицијата е „институционално расистичка“

Гевин Стивенс, лидерот на Советот на началници на националната полиција на Велика Британија, оцени дека работата на полицијата во таа земја е „институционално расистичка“ и повика на фундаментални промени на националните политики и практики со цел да се елиминира дискриминацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Стивенс смета дека црнците повеќе не треба да искусуваат непропорционална употреба на сила, дека е постигнат премал напредок во полициските реформи и дека некои лидери бавно ја прифаќаат големината на предизвикот.

Стивенс – избран од своите колеги началници да го води нивното претставничко тело – истакна дека негов личен став е дека дискриминацијата во полициското работење функционира на „институционално ниво“.

Во интервју за Гардијан, тој рече: „Наша одговорност е на раководството да им опишеме што значи тој (институционален расизам) и што не значи. Тоа не значи дека сите полицајци се расисти“.

„Начинот на кој нашите политики, процедури, обуки беа дизајнирани и имплементирани долги години, не ги вклучуваше гласовите на црнците во дизајнирањето, имплементацијата на тие практики. И како последица на тоа, добиваме непропорционални исходи на места каде што не би требало да има непропорционални исходи“.

„Најкорисната дискусија за полициското работење во иднина е како ги редизајнираме политиките, практиките, имплементирањето, за од полициското работење да се отстрани таа дискриминација“.

Забелешките на Стивенс доаѓаат додека британската полиција продолжува да се бори со прашањето дали треба да прифати дека страда од институционална дискриминација, дебата во Велика Британија која трае повеќе од 30 години.

Весникот оценува дека интервенцијата на Стивенс ќе го зголеми притисокот врз шефовите на британската полиција да ја усвојат идејата за борба против расизмот во британската полиција, вклучувајќи го и комесарот на Метрополитен полицијата, Марк Роули.

Раули одби да ги прифати термините „институционално расистички“ и „институционално мизогинистички“, по неповолниот извештај за британската полиција минатата година, тврдејќи дека нивното значење е нејасно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ