сабота, 27 јули 2024

Шефот на британската дипломатија: Нападите на САД и Британија им испратија на Хутите најјасна порака

„Новата рунда британски и американски напади на Хутите во Јемен имаше цел да им испрати најјасна можна порака на бунтовниците дека нападите на товарните бродови се неприфатливи“, кажа британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Камерон кажа дека британските оружени сили ќе продолжат „да ги намалуваат капацитетите“ на Хутите да изведуваат напади сè додека трае нивната „целосно неселективна кампања на вознемирување“ на Блискиот Исток.

Тој додаде дека Британија ја продолжила својата воена акција против Хутите бидејќи тие ги продолжиле нападите на товарните бродови.

Вашингтон и Лондон нападнаа мети во Јемен ноќта меѓу 11 и 12 јануари, а во последните денови САД извршија нови напади. И покрај западната интервенција, товарните бродови и понатаму се мета на важната глобална трговска рута која води кон Суецкиот канал, низ кој минуваат 15 отсто од светскиот поморски превоз на роба.

Меѓународните бродски превозници мораа да ги пренасочат бродовите околу Ртот на Добра надеж на југот на Африка поради што транспортот е подолг и поскап.

„Откако последен пат изведовме акции пред 10 дена, Хутите извршија повеќе од 12 напади на бродови во Црвено Море. Тие напади се нелегални, неприфатливи. Повторно испративме најјасна можна порака дека ќе продолжиме да ја ослабуваме нивната способност да ги вршат тие напади. Испративме најјасна можна порака дека стоиме зад нашите зборови и предупредувања со акција“, кажа Камерон.

Американската војска потврди дека се нападнати осум мети. Британското министерство за одбрана објави дека во акцијата учествувале борбени авиони „тајфун“ и воздушни танкери „војаџер“.

Погодени се неколку мети на две воени локации во близина на аеродромот во Сана во Јемен. Наводно биле спроведени „многу детални анализи“ за да се избегнат цивилни жртви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ