сабота, 27 јули 2024

Шефот на британската дипломатија: Америка ја ризикува безбедноста на Западот

Соединетите Американски Држави ја ризикуваат безбедноста на Западот со одолговлекувањето на помошта за Украина, ќе предупреди британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон за време на посетата на Вашингтон. Камерон ќе му каже на Мајк Џонсон, републиканскиот претседател на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, да ги убеди своите колеги да е откажат од блокадата на законскиот пакет вреден 95 милијарди американски долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според британски Телеграф, Камерон ќе каже дека Британија и Европската Унија одредиле пари за Украина за следната година и ќе побара од САД да го направат истото. Британија вети 2,5 милијарди фунти (3,1 милијарди долари) помош за Киев, а ЕУ ќе даде 50 милијарди евра (54 милијарди долари) во следните неколку години.

Камерон во напис за Телеграф ги повика и други сојузници на Киев да испратат повеќе финансиска помош.

„Украина мора да победи во оваа војна. Ако Украина изгуби, сите губиме. Цената на непружањето помош на Украина сега ќе биде далеку поголема од цената на одбивањето на нападот на Путин. Како што беше кажано во Париз во февруари, мораме да направиме повеќе за да ја победиме Русија. Светот гледа и ќе ни суди ако не успееме“, се наведува во текстот.

За време на претходна посета на Вашингтон, Камерон ги спореди оние кои ја блокираат американската помош за Украина со оние кои се обидувале да ја смират нацистичка Германија во 1930-тите. Камерон треба да се сретне и со американскиот државен секретар Ентони Блинкен со кого ќе разговара за војната во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ