недела, 20 октомври 2024

Шефот на апликацијата Телеграм: Франција не требаше да ме уапси, требаше да ја тужи компанијата

Павел Дуров, основачот на апликацијата Телеграм, кој е под истрага во Франција, денеска објави дека француските власти наместо да го приведат, требало да ѝ се обратат на неговата компанија со своите поплаки.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

На својот канал на Телеграм, во својот прв јавен коментар по притворањето минатиот месец, Дуров негираше каква било сугестија дека апликацијата е „анархичен рај“.

Тој рече дека истрагата за апликацијата го изненадила бидејќи француските власти можеле во секое време да стапат во контакт со претставник на Телеграм во ЕУ.

„Ако државата не е задоволна со интернет услугата, стандардна практика е да се покрене правна постапка против самата услуга“, напиша тој.

„Користењето закон од ерата пред паметните телефони за да се обвини извршен директор за злосторства извршени од трети лица на платформа со која управува е погрешен пристап“, вели Дуров.

Тој рече дека Телеграм не е совршен, но негираше каква било злоупотреба поврзана со апликацијата.

„Но, тврдењата во некои медиуми дека Телеграм е некаков анархичен рај се апсолутно лажни. Ние отстрануваме милиони штетни објави и канали секој ден“, напиша тој.

Дуров е роден во Русија, но подоцна доби француско државјанство. Тој беше приведен кон крајот на минатиот месец во Франција поради истрага за злосторства поврзани со детска порнографија, трговија со дрога и лажни трансакции поврзани со апликацијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ