среда, 23 октомври 2024

Шефот на американската дипломатија: Израел го прифаќа нашиот предлог за решение, сега редот е на Хамас

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен го повика Хамас да го прифати компромисното решение на Вашингтон за договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху која ја нарече „многу конструктивна“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој претходно новите напори ги опиша како најдобра и можеби последна прилика за постигнување примирје и ги повика спротивставените страни на договор.

Минатонеделните преговори во Катар минаа без напредок, но се очекува да продолжат оваа недела во Египет врз основа на американскиот предлог кој тежнее кон барањата на Израел.

Во меѓувреме палестинската исламистичка група најавува продолжување на самоубиствените бомбашки напади во Израел по многу години, а денес во израелските воени напади во Појасот Газа биле убиени најмалку 30 Палестинци, и на теренот нема назнаки за смирување.

„На денешната многу конструктивна средба со премиерот Нетанјаху тој ми потврди дека го прифаќа компромисниот предлог, дека го поддржува“, кажа Блинкен во Тел Авив. „Сега треба Хамас да го направи истото, а потоа страните, со помош на посредниците САД, Египет и Катар, мора да се сретнат и да се заврши постапката на постигнување јасен договор за тоа како да се имплементираат обврските од овој договор“.

Планот во првата фаза предвидува шестнеделно примирје проследено со израелско повлекување од густо населените подрачја на Газа и ослободување на дел од 111 заложници грабнати на 7 октомври во Израел за време на упадот на Хамас, кои сè уште се држат во Газа.

Повеќемесечните преговори се вртат околу истите прашања, при што Израел кажува дека војната ќе ја заврши само со уништување на Хамас како воена и политичка сила, а Хамас дека ќе прифати само трајно, а не привремено примирје.

Постојат несогласувања и околу трајното израелско воено присуство во Газа, особено на границата со Египет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ