сабота, 27 јули 2024

Шефицата на ММФ: Растот на економиите и понатаму е историски слаб, таков ќе остане со години

Објавено на

часот

Сподели

„Растот и понатаму е историски слаб и ќе биде историски слаб и на среден рок“, кажа Георгиева. За половина од годинешниот раст ќе бидат заслужни Индија и Кина, истакна шефицата на ММФ.

Во 90 отсто од индустриските земји активноста успорува, а тоа важи и за еврозоната, каде каматните стапки ќе ја притиснат побарувачката, додаде таа.

ММФ ќе ги објави пролетните редовни прогнози за економијата следниот вторник. Во јануари прогнозата беше дека светската економија оваа година ќе порасне за само 2.9 отсто поради последиците на војната во Украина и континуирано високата инфлација.

Во 2022 активноста во светот порасна за 3,4 отсто. Прогнозите се сепак „помалку мрачни“ отколку што се очекуваше во октомври, заклучи ММФ.

„Имајќи го предвид јакнењето на геополитичките тензии и сè уште високата инфлација, силното опоравување и понатаму е недостижно“, истакна Георгиева.

Таа ја пофали строгата монетарна политика на централните банки, порачувајќи им да издржат и да ја продолжат борбата против високата инфлација.

За проблемите во банкарскиот сектор шефицата на ММФ кажа дека „банките денес генерално се посилни и поотпорни, а регулаторите во изминатите недели реагираа исклучително брзо и координирано“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ