петок, 18 октомври 2024

Шефицата на ММФ бара од Европа да го зголеми кризниот фонд

Објавено на

часот

Сподели

За време на посетата на Германија, Кристине Лагард изјави дека лидерите треба да размислат за начини да се сподели финансискиот ризик, како заеднички европски обврзници на пример, за да се надмине должничката криза, јавува Би-би-си.
Во говорот пред германскиот Совет за надворешни односи во Берлин, Лагард кажа дека светската економија е пред „дефинирачки момент“, кој бара брза, колективна акција: „Дозволете ми да ви ја преставам својата перспектива на она што останува да се направи, а јас сметам дека има три императиви: првиот е засилен развој, вториот е поголема заштита, а третиот подлабока интеграција“.
Под заштита Лагард подразбира системи за спречување проблемите на една земја да се прелеат во други – како на пример од Грција во Италија, Шпанија па дури и Франција.
ММФ во последните две години во еврозоната финансираше неколку спасувачки акции, но поради ризикот од прелевање на кризата сака да го зголеми спасувачкиот фонд и смета дека и еврозоната треба да ја зголеми сумата на пари, но и поддршката за новиот спасувачки фонд што ќе се вика Европски механизам за стабилизирање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ