недела, 3 ноември 2024

Шефицата на германската дипломатија пристигна во Кина, на непријатни разговори за Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа која улога Кина ќе ја преземе со своето влијание врз Русија ќе биде пресудно за идните односи на Европа и Кина“, кажа Бербок пред да замине.

Таа кажа дека војната во Украина ќе биде главната тема на нејзината посета на Кина. „Како постојана членка на Советот за безбедност, Кина има посебна одговорност“, кажа Бербок.

Освен со министерот за надворешни работи, германската министерка за надворешни работи треба да се сретне и со кинескиот потпретседател Хан Женг.

Посетата на Бербок се одвива во сенка на засилени тензии меѓу Кина и Западот околу Тајван, кој официјален Пекинг го смета за дел од Кина.

Политичарите на владејачката коалиција во Германија изразија увереност дека Бербок на Кина јасно ќе ѝ го пренесе ставот на Европската Унија околу Тајван.

„Јас сум уверена дека министерката за надворешни работи нема да дозволи да ја мотаат околу малиот прст. Кај претседателот (на Франција Емануел) Макрон бомбардирањето со шарм од кинескиот државен врв очигледно вроди со плод“, кажа потпретседателката на германско-кинеската парламентарна група Гиде Јенсен.

Таа со ова алудираше на изјавите на францускиот претседател, кој по враќањето од Кина кажа дека Европа не мора по секоја цена да ја следи насоката на САД околу Тајван.

Пред посетата на Бербок на Кина, кинеската влада ја критикуваше расправата во Германија околу можното преземање на контејнерскиот терминал во пристаништето во Хамбург, кој сака да го преземе кинеската компанија Коско.

„Ние се надеваме дека германската страна ќе се откаже од политизирањето на една финансиска корпорација“, порача кинеската влада. Во истото соопштение е изразена надеж дека германската страна нема во прв план да го става прашањето на „идеологијата и безбедноста“.

Германската влада контејнерскиот терминал во хамбуршкото пристаниште во меѓувреме го означи како чувствителен инфраструктурен објект и повторно ја проверува дозволата за влез на кинеската државна компанија Коско во сопственичката структура на ова претпријатие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ